Остатоци од кашест снег на дел од коловозите

Остатоци од кашест има на коловозите на повисоките места. Како што информира АМСМ, сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонија Пат.

Врнежи од снег на Попова Шапка, Маврово, Стража и Плетвар

Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, Маврво, како и на планинските премини Стража и Плетвар. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд.

Магла на Пресека, Маврово и Попова Шапка

Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Пресека до 100 метри, на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 30 до 40 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 50 до 60 метри.

Магла на Пресека, Маврово и Попова Шапка
Магла на Пресека, Маврово и Попова Шапка

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.