
Украинските доброволци од единицата „Азов“, подготвени се да заминат во Сирија и да се борат против вооружените сили на Русија, соопштил основачот на оваа единица, Андреј Билеци.
„Имајќи го предвид заладувањето на односите со Русија и тоа дека во Сирија се спротивставуваат руските и турските интереси, за Турција е сосема логично дека ќе бара контакт со Украина, како и Украина со Турција“, кажал Билецки, пренесува „Спутњик“.
„Би можеле да се позабавуваме со Русите на ново поле, бидејќи кај нас во моментот на сила е прекн на огнот“, рекол Билецки.
Секретарот на Сојузот за национална безбедност и одбрана на Украина, Александар Турчинов, коментирајќи го инцидентот со рускиот борбен авион „Су-24“, истакнал дека турската војска „постапила професионално“.
Украинскиот политичар и олигарх, Генадиј Балашов, го повикал украиснкиот претседател Петро Порошенко, да им додели титула „Херои на Украина“ на турските пилоти кои го соборија рускиот авион.