
Во името на Координативното тело, пред Општина Гевгелија изјава даде министерот за здравство Никола Тодоров кој на терен е заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков, министерот за одбрана Зоран Јолевски и градоначалникот Франгов.
Денеска координативното тело одлучи на одредени места да подигне жичена ограда висока три метри со цел економските мигранти да се насочат кон прифатни пунктови и да се спречи нелегален влез во земјата.
-Хуманоста и безбедноста имат еднакво значење при донесувањето на оваа одлука. Особено по денешните немири на економските мигранти во кои има одреден број на повредени лица, истакна Тодоров.
Ситуацијата е стабилна и под контрола.