Груевски: Заменивме 60% од патничките возови, останатите до втората половина од 2016

Груевски: Заменивме 60% од патничките возови, останатите до втората половина од 2016
Груевски: Заменивме 60% од патничките возови, останатите до втората половина од 2016

На 15 ноември кинеските возови официјално ја започнаа својата рута низ македонските железници, а премиерот Никола Груевски беше еден од првите патници.

За одличната соработка во ова поле, премиерот зборуваше во интервјуто за најтиражниот азиски весник China Daily.

-Tоа искуство беше многу позитивно, поминавме 30-ина минути патувајќи со новиот воз, кој е произведен тука во Кина. Возот навистина е удобен, постигнува висока брзина. Нашата железница има одредени ограничувања, не дозволува на неа да се патува со повеќе од 120 или 130 километри на час, но сепак, и покрај тоа што возот патува бргу, немате чувство дека се движите со таа брзина, рече Груевски.

Премиерот истакна дека возот е одлично направен, дизајниран и упати честитки на производителите.

-Веќе купивме железнички композиции со кои заменивме 60 проценти од нашите патнички возови и сега почнуваме процедура за замена на остатокот, кои би требало да бидат испорачани до втората половина на следната година, заклучува премиерот.