Распродаден е концертот на Рундек карго трио во Скопје

Распродаден е концертот на Рундек карго трио во Скопје
Распродаден е концертот на Рундек карго трио во Скопје

Во рамки на off-програмата на 17. издание на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ,утре (30. ноември) во Младинскиот Културен Центар во Скопје ќе се одржи концертот на РУНДЕК КАРГО ТРИО за кој билетите се веќе ЦЕЛОСНО РАСПРОДАДЕНИ. Легендарниот хрватски музичар Дарко Рундек доаѓа на овој концерт со својот актуелен состав КАРГО ТРИО и го промовира извонредниот и веќе одлично прифатен нов албум „Мостови“. Некогашниот лидер на култната група „Хаустор”, одамна го зацврсти своето реноме на вешт и секогаш необичен музичар, а неговото последно остварување е уште еден доказ дека и по 35 години кариера тој твори во полн креативен набој и постојано ја освојува публиката и огромниот интерес за неговите концерти ширум целиот регион.

Албумот „Мостови” собра и фантастични музички критики, според кои, станува збор за едно од ремек делата на регионалната музичка сцена во последните дваесет години. Најновиот сингл од овој албум „Има их“, пред само неколку дена беше промовиран со нов видео спот и се чини дека го следи успехот на „Don Juan“  со кој и беше најавен албумот.

„Мостови” содржи вкупно 11 песни со длабока симболика која Дуцо, Изабел и Дарко ќе ни ја откријат во целост, веќе утре на концертот во МКЦ во Скопје, со почеток во 21 часот.