СДСМ предложи срамни, фашистички предлози за измени во законската регулатива за медими, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на предлозите на опозицијата за Законот за медиуми.
Нивниот концепт, кој официјално е доставен до сите вклучени страни во разговорите, е на ниво на воведување на диктатура и државна цензура од тип на Северна Кореја.
Предлозите на СДСМ, кои ги виде јавноста, за ВМРО-ДПМНЕ се одраз на лагите кои СДСМ со години ги зборуваше, дека се бори за слобода и за демократија. СДСМ повеќе не може да лаже дека се борат за слобода. Нивната борба е борба за гола власт и за функции.
СДСМ со овие ужасни предлози докажа дека е спремен да ги лаже новинарите, да ги лаже медиумите, да ги лаже граѓаните, само со цел да дојде на власт, а потоа да им наштети на сите.
Предлозите на СДСМ за измени во законската регулатива за медиуми се невидени и не постојат како концепт во ниту една европска држава. Нема ваков пример на држава во Европа во која државен орган има право на цензура и затворање на медиуми заради лична проценка на еден партиски кадар (од СДСМ, како што предлагаат тие) заради негова лична желба и проценка, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на либерализација, стандардизација и саморегулација на медиумите.