
Ноќеска, Сиксерси загубија на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 84:92 и го претрпеа 18-от пораз во 18-от меч во сезоната и вкупно 28-ми, ако се смета крајот на регуларниот дел од минатата.
Со тоа, кошаркарите на Филаделфија се израмнија со Бруклин Нетс кој пред шест години имаше идентичен старт и ако не сакаат да останат сами на оваа негативна листа, утре треба да ги победат Лејкерси на домашен терен.
Мајк Конли со 20 поени беше најефикасен на мечот, но Рендолф и Гасол остварија дабл-дабл и имаа подеднакво голем придонес во триумфот на нивниот тим. Канан беше прв стрелец кај Филаделфија со 16 поени.
НБА Резултати:
Бруклин – Детроит 87:83
Мемфис – Филаделфија 92:84
Орландо – Бостон 110:91
Торонто – Феникс 102:107
Њујорк – Хјустон 111:116
ЛА Лејкерс – Индијана 103:107
Шарлот – Милвоки 87:82
ЛА Клиперс – Минесота 107:99