
Дел од жителите од населбите 11 Октомври и Кисела Вода утре од 9 часот ќе бидат без вода, а намален притисок ќе имаат корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Прекинот во водоснабдувањето е поради вметнување затворач на крстосницата меѓу улиците „Спиро Гулапчев“ и „Борис Трајковски“, во периодот од 9 часот се до завршување на работите.