
Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.941 странски државјани, од кои 1.069 се од машки пол, 305 се од женски, 491 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 76 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–1.267, Сирија-424, Ирак-250 и други во помал број.
За пет месеци низ државава поминале речиси 293.000 мигранти
Во периодот од 19.06.2015 до 29.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 292.733 странски државјани, од кои, 168.828 се од машки пол, 45.816 се од женски, 62.469 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.620 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-174.185, потоа Авганистан-69.909, Ирак-27.201, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во текот на изминатотот деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 29.11.2015 година до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Како што информира МВР, во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29.11.2015 година евидентирани се вкупно 23 баратели на азил од кои 12 баратели на азил се мажи, две барателки на азил се жени, осум баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател.
Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 4 баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.