Во интерес на точното информирање на јавноста Министерството за финансии реагира по однос на изнесените податоци на прес конференција на Зоран Заев.
Во продолжение го пренесуваме целото соопштение интегрално:
– Невработеноста во Република Македонија е значително намалена последните десет години, односно од 38,7 отсто во 2005 година на 26,8 отсто во 2015 година, или за 11,9 процентни поени е помала согласно податоците на Државната статистика. За овие 9 години во Македонија се отворени 140.000 нови работни места;
– Стапката на сиромаштија од 30 отсто во 2005 е намалена на 24 отсто во 2013 година, согласно податоците на Државниот завод за статистика;
– Странските директни инвестиции од 2007 до 2015 година изнесуваат 2,3 милијарди евра или се зголемиле за 4 пати во однос на периодот од 2003 до 2006 година, согласно податоците на Народна банка;
– Македонија е земја со највисок раст во регионот, согласно проценките на Светска банка и ММФ;
– Македонија е земја со четврт најнизок државен долг во Европа – согласно податоците на европската статистика Еуростат. Државниот долг е намален од 36,7 отсто во 2005 на 36 отсто од БДП во 2015 ;
– Македонија е 12 најдобра дестинација во свет за водење бизнис и 6-та најдобра во Европа согласно реномираниот извештај на Светска банка Дуинг бизнис.
Ова се факти. Нив ги кажуваат реномирани институции со интегритет.