
Долната облека која дискретно се наѕира под блузичката или градникот кој ѕирка под раскопчаната кошула не се новост во модниот свет, посебно поради тоа што жените често тежнеат кон провокација.
Но, неодамна на уличната мода се прошири трендот на носење фустани, комбинезони и топчиња кои потсетуваат на долна облека. Секако, не се работи за ноќници, туку за фустани кои наликуваат на нив. Како и да е, веруваме дека овој тренд сепак ќе го носат само оние најхрабрите.
Трендот е всушност, прилагодлив, па фустанот можете да го носите така што само долниот дел направен од чипка ќе се гледа од долгиот џемпер, можете да облечете машко сако, капут или кожна јакна.