„Курир“: Лажните борци за медиумска слобода го покажаа вистинското лице!

и неодложно да ги напуштат политичките преговори за медиумите, бидејќи тоа е кроење на закони (според изјавата на Заев) со неговиот политички непријател.

-Уште еднаш повторуваме дека остануваме на повикот до нашите членки да не ги покриваат престојните вонредни избори, доколку продолжи ваквиот однос на опозицијата со директни закани,уцени и обид за замолчување, се вели во соопштението на МАН.

МАН бара СДСМ сериозно да размисли за изјавите и постаките на својот претседател Зоран Заев.

– Човекот кој бизнисот го претвори во рекет и корупција, политиката во лузерство, сега е во војна со медиумите и тоа отворено го признава. Бараме СДСМ да се огради од изјава на Заев и да започне постапка за негова смена. Доколку не го сторат тоа- освен бојкот на изборните активности, ќе ги повикуваме нашите членки да ја бојкотираат работата на СДСМ целосно.

Колку е скандалозна изјавата на Заев се чини дека најдобро потврдува тоа дека со реакција се јавија дури и Насер Селмани и ЗНМ, Здружението кое обично реагира само по партиска директива од СДСМ. Селмани порача членовите и симпатизерите на СДСМ добро да размислат дали Зоран Заев ќе им биде лидер, што најдобро го разобличува лажното демократскот лице на опозицијата.

-Сметам дека ова е несериозна изјава на лидерот на опозицијата. Македонската опозиција наместо да создаде подобри услови за работа на меидумите, апсолутно не му е работа да даде квалификации и изјава за тоа како медиумите работат. Прашање е на луѓето во опозицијата, на членовите и симпатизерите дали Зоран Заев ќе им биде лидер или некој друг, цели Селмани.

„Живи луѓе има да јадеме после тоа“- Заев почна со закани веднаш откако стана дел од власта

Зоран Заев е познат по своите непромислено изјави и постапки, а скандалозната изјава дадена денеска само го разоткрива лицемерното и дволичното лице на најголемата опозициска партија за која медиумите се главни непријатели, тврдење на истата она партија која изминативе години секојдневно лажно се бори за некаква слобода во медиумите и демократија.

Денешната изјава на Заев воедно е само продолжение на “демократскиот“ однос на СДСМ кон медиумите.  Високи партиски функционери на СДСМ демократијата ја покажаа и со нападот врз новинарката од телевизијата 24 Вести, Душица Мрѓа, после интервјуто кое го направи со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. СДСМ постојано покажува лицемерие кога еднаш говори за слобода на медиуми, а веќе следниот ден јавно навредува и линчува новинари, само затоа што не работат и не размислуваат како што тие мислат дека треба.  Овој случај е еден од најеклатантните примери на јавен линч кој СДСМ го спроведува врз новинарите, иако во јавноста вели дека се залага за слобода на медиумите.

Иако пред изборите 2002 година ветуваа дека нема да се занимаваат со политички реваншизам, вистинското лице на нивната демократија се покажа кога беа голем број лица отпуштени како политички неподобни. Истата судбина ја доживејаа и неподобните од МВР, како и од