Пет работи кои не сте ги знаеле за Џенифер Лопез

Пред улогата на Fly girl во серијата „In living color“, Џенифер била една од водечките танчери во групата која ги пратела „New kids on the block“. Кога во едно интервју Џеј Лено ја прашал кој е моментот кој ја одредил нејзината кариера, таа го спомнала настапот на AMA во 1991-та година. Во текот на деведесетите години, Џеј Ло се појавила во спотот на Џенет Џексон, „That’s the way love goes“.

Зелениот фустан со потписот на Версаче кој Џеј Ло го носеше на доделување на Греми наградите во 2000-та година е еден од најпознатите во историјата на модата. Овој фустан сеуште го држи рекордниот број пребарувања на Google. Ова пребарување, „ Lo wearing the dress“ го покрена Google Image Search кој до тогаш не беше во функција.

Пет работи кои не сте ги знаеле за Џенифер Лопез
Пет работи кои не сте ги знаеле за Џенифер Лопез

На самиот почеток на музичката кариера, Лопез го лансирала својот прв парфем – Glow by JLo. Парфемот со потписот на латино дивата заработил повеќе од 40 милиони долари и тоа само во првата година од продажбата, а стана и еден од најпродаваните женски парфеми во 2002-та година. Од тогаш, таа лансираше уште 17 парфеми и денес нејзината линија на парфеми и носи повеќе од 2 милијарди долари, зарботка што ја прави една од ретките дами на која и успеала парфемската авантура.

Во текот на гостувањето во…