ЕКСПЕРТИ: Заев се однесува како Хитлер пред падот на Берлин

Инаку, по објавата на информациите за ветото од страна на СДСМ, односно од дополнителниот министер за финансии Кире Наумов, пензионерите изразија загриженост за редовното исплаќање на пензиите.

Пензионерите беа загрижени за исплатата на пензиите, по вчерашните најави дека се доведува во прашање исплатата на плати и пензии доколку се укине издавањето на државните записи со што се укинуваат механизмите за нормално и непречено реализирање на буџетот.

Пензионерите изразија загриженост за редовното исплаќање на пензиите
Пензионерите изразија загриженост за редовното исплаќање на пензиите

Пензионерите во Македонија, чиј број е околу 300.000 се заинтересирани навремено да се добиваат пензиите како што беше тоа во изминатите години, до 6-ти во месецот. Тие вчера изразија загриженост и реагираа дека може да биде доведено во прашање со исплатата на ноемвриската пензија во декември годинава.

Самата најава дека навремената исплата која со години наназад е до 6-ти во месецот, овој пат може да биде доведена во прашање има големо реагирање кај членството на Сојузот на пениознерите и се смета дека треба да се изнајдат сите мерки да не дојде до еден таков проблем за исплата на пензиите на пензионерите, изјави претседателот на Сојузот на здруженија на пензиоенрите Драги Аргировски.

Одлуката на ДИК со која беше оспорено ветото од страна на СДСМ наиде на поздрав како од пензионерите така и од сите засегнати страни.