Ако Црна Гора влезе во НАТО, Русија ќе ги запре сите заеднички проекти

Ако Црна Гора влезе во НАТО, Русија ќе ги запре сите заеднички проекти со земјата, изјави претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност при Советот на федерацијата Виктор Озеров.

Тој посочи дека може да бидат прекинати проектите во воената сфера.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО и испратија покана денеска на Црна Гора да стане 29-та членка на Алијансата.