Попоски на министерски совет на ОБСЕ

Делегација предводена од министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува во работата на 22-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 3 и 4 декември 2015 година во Белград, Србија.

На состанокот на Министерскиот совет, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Српското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број на Одлуки кои се во доменот на надлежностите на ОБСЕ, односно кои се однесуваат на неговите три димензии: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.

Министерот Попоски ќе има свое обраќање на Министерскиот совет на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија.

На маргините на советот, МНР Попоски ќе оствари и поголем број на билатерални средби со своите хомолози.