
Еден технички назначен министер и двајца заменици-министри од СДСМ како прв приоритет и најсуштинска работна задача во текот на вчерашниот ден имаа да постираат најава за партиската прес-конференција на Зоран Заев.
Оливер Спасовски, Александар Кирацовски и Љупчо Николовски, очигледно немаа поприоритетни работни обврски на почетокот на работниот ден, па во работно време се посветија на Фејсбук најавите за обраќање на нивниот партиски лидер, пишува Курир.
Тие земаат огромни плати, на функции каде треба да помагаат во реализација на владината програма за граѓаните, но овие партиски кадри на СДСМ очигледно работат за партијата, а не за држава.
Итната прес-конференција на Заев, која техничкиот министер и замениците ја најавија, всушност беше најава за скандалозен говор во кој Заев се обиде да изврши груб притисок врз македонските банки, а медиумите ги нарече свои најголеми непријатели, што според скпертире значи барање на алиби за пораз на изборите.
Тој практично побара укинување на слободата на медиуми и укинување на слободата на деловно одлучување на банките.Овие партиски кадри на опозицијата кои без поддршка од граѓаните влегоа во министерствата треба да одговорат за што земаат плата- да работат или да тераат партиска пропаганда?