
Покрај овие директни вработувања, очекуваме и индиректни вработувања бидејчи компанијата е силно заинтересирана за соработка со домашни добавувачи. Потпретседателот на компанијата беше да разговара со потенцијални домашни добавувачи што значи дека таму ќе има зголемување на обемот на работа и нови вработувања, истакна Никовски.
Во однос на инвестицијата во Бунарџик, Никовскипосочи дека се работи за мултинационална италијанската компанија Монтанте која произведува софистицирани амортизери за возови, шински возила, автобуси, камиони.
Се работи за инвестиција вредна околу 10 милиони евра. Во првата фаза се предвидуваат 100 вработувања, а оваа бројка треба да достигне 400. Градежните работи би требало да почнат во 2016 година и да се приврши погонот во средина на идната година. Во тој период исто така да започне со вработување и обука на нововработените, посочи советникот на премиерот за странски инвестиции.
Тој додаде дека се задоволни од резултатите постигнати досега, но не застануваат тука.
Паралелно се работи интензивно на неколку проекти бидејќи не можеме да очекуваме дека секој проект ќе заврши во Македонија. Високорангирана земја сме, на 12 место во светот, се повеќе има странски инвестиции во земјата и со нашата работа ова се заедно треба да придонесе многу брзо да имаме нови објавени инвестиции во земјата и повеќе нови работни места, додаде Никовски.