
Политичките партии нешто имаат ставено на маса, мислам дека она што нас сега ни е потребно е политичките партии да се фокусираат на предлогот на Ванхојте. Тие ги имаат нашите ставови, нека ни кажат што мислат за нив. Ако не повикаат ќе дојдеме да ги образложиме нашите ставови. Ванхојте не го партизира напротив го департизира во делот на Агенцијата за медиуми зошто таа ќе се екипира од граѓанскиот сектор, а Комисијата за избори и именувања да ги провери, и да ги гласа со двотретинско мнозинство. Тоа се прави со цел ниту едно мнозинство да има краен збор. Наша работа е да предупредиме на опасноста нас да не искористат, мора да бидеме многу внимателни. Ние здруженијата сме тие што треба да одлучуваме. Сега Ванхојте не бара нас на помош, а на почетокот не им требавме. Нека повелат политичките партии нека изградат став. Се плашам дека ќе бидеме злоупотребени. Може да влеземе во спирала на одологвлекување на процесот. И целта е, или идејата, да бидеме внимателни од каде сега сме им потребни на политичките партии во преговорите. Во последниот извештај на независноста не на завидно ниво за Агенцијата и јавниот сервис. И тоа треба да го средиме. СДСМ предлага чисто политичко решение, да предлагаат свои членови во советот, а Ванхојте предлага граѓанскиот сектор да избира членови кои потоа ќе ги гласа Собранието со двотретинско мнозинство, потенцираше Селмани.