Овие маки ги разбираат само жените со мали гради

Градите што комотно ги собира во градник со големина 1 или 2 се сметаат за мали. Иако жените со текот на времето почнуваат да ги сакаат и ги прифаќаат малите гради и не би ги менувале за ниту едни поголеми, тие имаат некои секојдневни навики што се навистина мачни, а нив можат да ги разберат само жените со мали гради.

  1. Да се купи вистински градник е вистинска мака, а кога ќе го најдете веднаш морате да купите три исти, затоа што ако подоцна неможете да ги најдете за да ги купите повторно имате проблем.
  2. Ги носите најнеудобните градници што постојат. Жица, перничиња, цврсти рпрерамки, дупли перничиња…
  3. Се сеќавате на тинејџерските денови како да беа вчера, кога со нетрпение го очекувавте денот кога ќе пораснат, но ете… И по 10, 15 или 20 години сеуште ништо не се случило.
  4. На првиот состанок сметате дењка вашиот најдобар пуш-ап градник е само измам и малку ви е страв што ќе си помисли тој кога ќе ја открие вашата тајна.
  5. Купувањето на костим за капење е уште поголема ноќна мора од онаа со градникот. Ако долу е во ред, горе не е или пак супер е дезенот и кројот, но кога ќе го ставите на место изгледа како нешто да недостига… А вие добро знаете што недостига.
  6. Сонувате за фустан или маица со заводливо деколте, а кога ќе видите дека тоа совршено му стои неможете да престанете да гледате… Блазе си им.