
Осми декември неработен за сите граѓани. Согласно Законот за празниците на Република Македонија, празникот Св. Климент Охридски, 8-ми Декември (вторник) е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот „Св. Климент Охридски”.