Тактичко показна вежба во СГУС „Героги Димитров“

 

Специјализирана тактичко показна вежба за организирано и планско постапување во случај на кризни состојби – земјотрес или пожар денес успешно беше спроведена во СУГС „Георги Димитров“. На тактичко показната вежба присуствуваа Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, директорката на Центарот за управување со кризи, Сузана  Салиу и претставникот на  УНДП, Александро Фракасети.

Тактичко-показната вежба има за цел да ја провери подготвеноста на учениците и наставниот и технички персонал за организирано постапување во кризна состојба – земјотрес и пожар, проверка на планската документација на училиштето за постапување во итни состојби, како и проверка на подготвеноста на службите за итен одговор во услови на елементарни непогоди и други кризни ситуации. Оваа вежба е прва организирана активност од ваков вид во Градот Скопје и претставува извонредна можност за нејзино реплицирање и надградување во преостанатите 21 средни училишта во Град Скопје, како и во институциите под негова надлежност, изјави Градоначалникот Трајановски.

Вежбата се реализира во рамките на заедничките проектни активности на Град Скопје и УНДП во рамки на проектот ИКТ за урбана отпорност, а во партнерство со Центарот за управување со кризи и другите надлежни институции.

pokazna-vezba-2

Главна цел на овој проект со кои се опфатени три држави (Република Македонија, Ерменија и Молдавија) е да се изгради отпорност на природни и климатски катастрофи во три држави преку зголемување на институционалниот капацитет, мобилизација на знаењето и трансферирање на соодветните најдобри во праксата иновативни технологии.

Трајановски рече дека преку имплементацијата на овој проект, соработката помеѓу трите држави ќе биде подобрена, резултирајќи во развој на нова димензија на меѓународната соработка во областите на намалувањето на ризици од катастрофи и од климатски ризици.

pokazna-vezba-3

Проектот особено ќе се фокусира на зајакнувањето на соработката помеѓу избраните пилот градови од трите држави (Скопје, Ереван и Унгени) и притоа ќе бидат пилотирани/тестирани голем број иновативни техники и методологии, изјави Трајановски.

На крајот од успешно спроведената тактичко-показна вежба, командантот на БППЗ на Град Скопје поднесе рапорт пред Градоначалникот Трајановски, а директорот на СУГС „Георги Димитров“, Саша Стојменов им додели благодарници на учесниците во вежбата.