Чешлање
Еден од начините да го избегнете стресот е да ја чешлате косата 10-15 минути. Оваа процедура помага да се активира крвта и да се ослободат мускулите.
Храна
Вкусната храна е ефикасен антистрес допинг. Масната риба, која е вистинска ризница на омега 3 масните киселини, ви помага да го сочувате доброто расположение и да се ослободите од стресот, а е многу корисна за нервниот систем. Ако не сакате риба, изедете сладолед или банана. Овие намирници се подобри од антидепресивите.
Истријте ги дланките
Ова е уште еден начин да се ублажи напнатоста и да се избегне стресот. Потребно е само својата сила да ја истриете дланка од дланка, додека дланките е станат топли. Исто така корисно е да ги истриете и ушите. На тој начин брзо ќе се вратите и ќе се фокусирате на работата.
Исперете ги со вода конфликтите и стресот
Со негативните емоции можете да се изборите со петнаесетминутно туширање – само застанете под топол млас вода, така што тушот ќе ви ги измасира главата и рамената. Набрзо ќе почувствувате како водата со себе носи се што е непријатно.
Бои
Психолозите откриле дека боењето на боенки во рок од 2-3 минути во период на зголемен стрес пет пати ја зголемува веројатноста дека сите работи ќе бидат завршени на време.
Чај од хибискус
Со насобирањето на слободни радикали, човекот има чувство на паника и вознемиреност – вистински карактеристики на стресна состојба. Хибискусот не дозволува тие да се насобираат и на тој начин помага при ослободувањето од стрес, не предизвикувајќи ви малаксаност.
Подготовка
Средувањето на личните работи на свое место помага да се фокусирате и да си ги организирате мислите. Освен тоа, уредните полици, фиоки и плакари даваат позитивен психолошки ефект – надворешната среденост и организираност несвесно се пренесува врз сопствениот живот.
Танцување
Задолжително танцувајте, барем додека сте сами дома! Ритмичките движења додека слушате музика одлично помагаат во елиминирањето на стресот. Освен тоа, танцот го доживуваме како забава, за разлика од сличните вежби во фитнес клуб.