
Најмалку 18 луѓе загинаа од експлозија од молотов коктел во ресторан во Kаиро, јавуваат египетските безбедносни сили.
Еден египетски функционер за безбедност изјавил дека напаѓачот работел во тој ресторан и добил отказ. Ресторанот се наоѓа во Квартот Агуз во центарот на Каиро.
Досега милитантите на ИСИС ја преземаa одговорноста за голем број на експлозии и пукање во Египет, главно насочени против безбедносните сили од 2013 години, кога беше исфрлен исламистичкиот претседател Мохамед Морси по масовни протести.