Без струја утре од 8.30 до 16 часот ќе останат дел од корисниците од улиците Ѓорѓи Капчев, 16, 16а и 18, кон каналот, дел од Божин Николов, (делот кон Лисиче), а од 9 до 13 часот дел од корисниците од улицата Саса 1.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија од 8.30 до 16 часот ќе останат корисниците од дел од селата Радуша, Дворце и Орашје, од 9 до 13.30 часот корисниците од улицата Наум Наумовски- Борче, кај кружниот тек и од 9 до 14:30 часот корисниците од дел од улиците Трајко Китанчев, Неготинска, Сава Михајлов , Кавадарска и Кожув.