Продолжение на 74.седница на Собрание

Расправата за Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година да продолжи денеска во Собрание.

На дневен ред на 74. седница се и измените и дополнувањата на законите за постапување со бесправно изградени објекти, за градење, за придонеси од задолжително социјално осигурување, за пензиското и инвалидското осигурување, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и по Предлог законот за вработување и работа на странци и по Предлог законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, двата по скратена постапка.

На денешната седница ќе се расправа и по измените и дополнувањата на Законот за учебници за основно и средно образование по скратена постапка, како и по Предлог законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование, во прво читање.

На дневен ред се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог законот за пробација, Предлог законот за амнестија поднесен од Павле Трајанов и Лилјана Поповска, Предлог законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите во прво читање, како и Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија.