Грција дозволи распоредување на Фронтекс за да избегне исклучување од Шенген

Како што претходно објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на високи претставници на ЕУ, заканите за исклучување од Шенген зоната биле единствен начин да ја убедат Атина да побара помош од Фронтекс за заштита на своите граници.

Неспособноста на Атина да ги затвори границите или да ги регистрира имигрантите се претвора во пародија на принцип, дека првата земја за мигрантите е земјата што е одговорна за судбината на секој од нив, наведува весникот. Наместо тоа, Атина им доволува на мигрантите да го продолжат патувањето, за да се претворат во проблем на некој друг, пишуваше „Фајненшел тајмс“.

Тој недостиг на одговорност е главната причина, поради која Шенгенскиот договор почнува да се распаѓа, изјавил за весникот висок европски претставник.

Истовремено, министрите за внатрешни работи во Брисел расправаа за времена суспензија на Шенген зоната. За оваа можност само се дискутирало, без да се гласа за неа. Целта била земјите од ЕУ да се подготват за такво сценарио, ако ситуацијата не се подобри до почетокот на 2016 година.

Ултиматум до Грција: Или Шенген или Фронтекс
Ултиматум до Грција: Или Шенген или Фронтекс

Според членот 26 од Договорот, кој важи веќе 20 години и кој вклучува слободно транзитирање низ земјите на ЕУ, освен во Обединетото Кралство и Ирска, договорот може да биде суспендиран само доколку постојат „постојани сериозни закани за надворешната контрола на границите“. Досега околу 1, 2 милиони бегалци ги преминале европските граници од почетокот на годината.

Грција која во моментов се бори и со економската криза беше посочена како најслабата алка, затоа што им дозволува на мигрантите да транзитираат низ нејзината територија без притоа да преземе одговорност за нив.

Европската Комисија вчера ја поздрави одлуката на грчката влада да побара помош од Фронтекс за мониторирање на границите и при регистрацијата на мигрантите и бегалците што пристигнуваат на нејзина територија, пренесуваат грчките медиуми.

Говорејќи во Брисел во петокот, портпаролот на Комисијата, Маргаритис Шинас рече дека одлуката на Грција за да го активира Механизамот за цивилна заштита, за да се овозможи  Фронтекс да помогне во регистрацијата на мигранти на границата со Македонија и да го активира Механизмот за брза погранична интервенција за дополнителни патроли во Егејското биле „во вистинската насока.”

Шинас рече дека Грција, која е првата земја која се соочува со мигранстака и бегалска криза, вети дека ќе се воспостави уште четири т.н. „жешки-точки“ на егејските острови. Првата таква точка веќе во функција на Лезбос.

Кон крајот на месецов, како што јавува Ројтерс,  се очекува претставниците на ЕУ да разговараат за новиот предлог со кој што ќе се овозможи припадниците на Фронтекс да бидат распоредени без согласност од земјата домаќин. Сепак, не се очекува дека ваквиот предлог да биде прифатен од земјите членки затоа што тоа би значело загуба на нивниот суверенитет.

Тензии на јужната гранична линија

Деновиве поради…