Сончево време со мала до умерена локална облачност не очекува во текот на денешниот ден. Како што информира УХМР, во претпладневните часови долж Повардарјето и по одделни котлини и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје сончево со слаба утринска магла

Во Скопје ќе биде сончево со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Стабилно и суво време и во текот на наредниот период
Во наредниот период ќе продолжи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради јужното струење по котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност особено во претпладневните часови.