Јас говорам од мој агол. Ова е бесмислица. Ние, значи како и цел свет, цела планета поминува низ транзиција, се наоѓаме во епицентар на хаос, а ние разговараме за закони за заштита или за функционирање не медиумите. Значи ние прво треба да разговараме за тоа дали имаме новинарство? Дали знаеме што е новинарство? Какво новинарство треба за новиот свет во кој сме упатени, веќе одиме на тој пат, значи со нов вредносен систем и нова парадигма. Што е важно за новинарството. Ние сега ќе донесуваме закон, тој може ќе биде на хартија многу убаво да изгледа, а може да биде и онаква ругоба, како што го предлага оној експертот (Ванхауте). Еве тема на состанокот на ОБСЕ што сега ја промовира Лавров е катастрофалниот придонес на тој дел од ОБСЕ што го води Дуња Мијатовиќ. Тие се појавуваат како цензори. Тие воопшто не се занимаваат со слободите, туку тие се занимаваат со ограничувањата на слободите, ги ставаат под контрола.
Така што, за овој закон, каков и да биде јас сум незаинтересирана, затоа што ние прво треба да се средиме во сферата во тоа да знаеме што е и кој е новинар, што е задачата на новинарот: да манипулира, да пропагира, да провоцира или да едуцира и известува? Значи ние мораме да ги разграничиме тие работи. Ние минатата година учествувавме при донесување на оној закон под раководство на ОБСЕ и јас лично се залагав за лиценцирање. Прво внатре да поставиме ред, сите ли сме новинари, свесни ли сме за одговорноста што ја носиме за јавно кажаниот збор? Одговорност не значи цензура, туку самоконтрола: Да си свесен дека со својот збор можеш да убиеш некого, да предизвикаш војна, верска, расна омраза, полова омраза… Значи ни врие новинарството од тоа…
ВМРО – ДПМНЕ вчера повика сите новинарски здруженија, асоцијации на медиуми, граѓанскиот сектор, како и здруженија од цивилниот сектор тангирани со оваа проблематика да достават предлози за кои што сметаат дека би довеле до подобрување на Законот за медиуми, како и медиумски развој. Дали според вас ова е оправдано и дали ќе овозможи да се донесе подобро законско решение од она што досега е понудено?
Ние прво не сме имале дебата, да видиме како го замислуваат новинарството моите колеги. Тие само викаат сакам да бидам слободен. Од што слободен? Дали го знаат основното правило, што е задачата на новинарот? Да известува, а не да покрива, не да лакира. Не да ја крие информацијата од публиката. Дали е тој само жица за пренос на информациите од едно место на друго? Тоа ли му е функцијата? Значи на јасно ли сме ние? Не сме седнале.
Еве можете да видите како ескалира, ќе излезе некој политички лидер и по теркот на Пентагон или на Белата Куќа ќе ти каже кој е непријател за него. Што е сега, бомби ли ќе фрлаат на нас? Непријател на политичка партија. Па јас по дефиниција сум „непријател“ на секој политичар кој работи против интересите на граѓаните или кој крши Устав или кој крши закони, за гангстерски дејанија – тоа е работата на новинарот. Тие се еден вид на тест-чувари за девијациите во едно општество, исто и како што информираат за убавите работи. Кај нас незнам, но можеби прв пат се случува од јавна говорница да ги прогласиш медиумите за непријатели. Значи, тоа и преку закон сугерира отворен лов на непослушни новинари. На сите свињарии што ни се случија од минатата година наваму, ова некако му доаѓа како круна.
Заев на прес – конференцијата што ја споменавте упати закани до банкари, новинари…
Тоа е проблем…