Тоа е проблем на човек што е убеден дека го штити странски чадор. Тој веќе изгубил компас незнае ниту каде е, ниту што е… Нема кој да му каже. Еден дел од тие што ги викаме медиуми всушност не се. Тие го користат поимот, но тоа се внатре платеници кои убиваат со збор. Кои растураат со збор. Кои внесуваат неред, растураат закони, не почитуваат институции… Да бидеме на јасно, тоа и на светска конференција на новинари во Сеул беше кажано: Кога и да е новиот свет ќе суди за воени злосторства, за злосторства против човештвото од страна на вакви пропагандисти, кои што ги нарекоа бели шлемови. Чомски дури ги нарече уште пострашно, „ударна тупаница на армиите“. Ние мора да расчистиме, а за да расчистиме на наш терен, иако тоа можеби не е трајно решение, ние мора да пројдеме низ лиценци, за да се разликуваме. Исто да си имаат право да пишуваат во таков закон еве да речеме, применлив за во хаос. Потребно е да имаме лиценци за да можеме да носиме одговорност, јас за мојот дел, тие за својот. Таму каде што ќе пишува да речеме Бранко Героски пропагандист, тој ќе си пишува, ама публиката ќе знае да ги разликува информациите: дали е валидна, колку е валидна, можеби често пати има и поквалитетна информација, и поточна од онаа што, да речеме, јас како новинар ќе ја донесам, но мора да се знае кој што работи.
Може ли да ни се случи во недостиг на време, затоа што знаеме дека во согласност со Договорот од Пржино нема многу време, да ни се провлече и предлогот на Ванхауте како таков?
Дел од сценариото во оваа игра се стеснетите рокови. Ни се брза, уште две минути имаме додека го пишуваме извештајот за напредокот на Македонија, уште десет минути имаме ако сега не го направиме ќе го изгубите условот незнам за што… Затоа што ние очигледно сме ја изгубиле особината да учиме. Ние веќе како по автоматизам дејствуваме и потоа ќе следи заеднички притисок од сите страни и овие уредници што се нападнати можеби ќе климнат со главите и ќе речат ајде ќе одиме со овој закон.
СДСМ и Заев обвинуваат за наводна корупција на медиумите преку владини реклами и промоција на проектите. Од една страна, јавноста е сведок дека речиси веќе пет месеци откако беше ставен мораториум на владините реклами и промоции тие не се емитуваат, а од друга страна пак рекламите на општините што се под локална власт на СДСМ продолжуваат без никаков проблем. Дали не станува збор за двоен аршин и за лицемерие?
Кога ќе се согласите вака да играте како пасивна страна нема правила на игра, освен тие што тие самите ги креираат и тие што ги рушат. Бидејќи тие се повикуваат на надворешна сила… Проблемот не е во тоа. Проблемот е во тоа зошто сме им дозволиле, или кој им дозволува на силниците да силуваат!? Мене тоа мене ме интересира. Прво, кога ќе помислам само за поимот корупција, јас знам дека има две страни. Ако власта корумпира, ти зошто земаш? Прекини го синџирот, многу се едноставни работите логички ако ги промислиме. Туку си паднал во стапица, да те зезаат. Ако некој сака да ми каже дека кога Кока – Кола дава реклама на Си Ен Ен, може ли да го наречеме тоа корупција? – Можеме. Сме слушнале ли некоја афера за Кока- Кола затоа што сите што ја рекламираат? -Знаат дека ќе ја изгубат рекламата. И сега тоа не е корупција, тоа е реклама, а ова каде што се рекламира и за отстапениот простор му наплаќате тоа е корупција.
Ако зборуваме за бесплатните реклами, јас би одела уште подалеку. Најбесплатна би требало да биде сончевата енергија, енергијата на ветер и водата, затоа што тоа е општо добро…
Кога зборуваме за манипулација еве ги манипулациите. Ние сме влезени, ние живееме во тоа. Наопаку се води работата. Ајде прво ќе дефинираме што е слобода на израз, што е плурализам… Нашите медиуми паднаа во замката на ова, во цел свет досега медиумите беа професинални и имаа уредувачка политика сходно на тоа која публика ја таргетираат. Односно, леви медиуми, десни медиуми, христијански, промуслимански… Значи, ако е веста медиумски производ за на пазар, вие како новинар се трудите да продадете што е можно повеќе од вашите вести, да имате што поголем број на читатели или гледачи, бидејќи од тоа ви зависи платата или статусот. Значи вашиот новинарски производ вие го пласирате на одредена групација. И политичките партии се обраќаат на цело гласачко тело, но таргетираат, застапуваат инетереси на одредена групација… Само во Македонија е обратно, или сите ќе мислат исто како СОРОС, или нема да ги има.
Значи тие буквално не доведуваат во апсурдна ситуација: како што направија да нема ниту една партија, односно само едно друштво на поглавици, тоа очигледно сега сакаат да го направат и со медиумите. Тие го подготвуваат и јас сум убедена дека целиот простор вака се аранжира за да можат да ја протнат промената на името: Да нема ниту опозиција, да нема некој глас да каже нешто поинакво од она што тие го подготвуваат. Затоа ги прават овие промени, за ништо друго.
ОБСЕ и ОДИХР најавија дека со засилена мисија ќе ги следат изборите во април. Значи, странскиот фактор ќе го набљудува и целиот период на подоготвка на изборите, како и денот на гласањето и пребројувањето на гласовите. Се вели дека оваа одлука е донесена откако е оценето дека политичката ситуација во Македонија е напната и кревка заради судирите меѓу власта и опозицијата изминатите години и недовербата во институциите. Кое е вашето мислење, има ли потреба од засилена мисија на странскиот фактор и дали воопшто тоа ќе гарантира фер и демократски избори во земјава?
Какво засилено…