
Антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, денеска ги демантира информациите дека извршила воздушен напад врз камп на сириската армија во провинцијата Зеир аз Зур, како што тврдат сириското Министерство за надворешни работи и Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, пренесоа француските медиуми.
-Знаеме дека во печатот се појавија такви информации, но ние не изведовме никакви напади во овој дел на Деир аз Зур, туку на 55 километри оттаму, изјави портпаролот на меѓународната коалиција, полковник Стив Ворен.
Ворен изјави дека коалицијата вчера извела напади само врз нафтени објекти во друг регион, каде немало луѓе.