Мерките за вработување даваат резултати, се намалува бројот на невработени лица

Мерките од овој мега проект се разновидни и вклучуваат широк дијапазон на можности и групи на лица кои подолго време се невработени. Станува збор за вработување на лица кои се од различни ранливи категории или млади лица, стечајци, бранители, самохрани родители, деца без родители, еднородителски семејства, лица на возраст над 50 години и над 58 години со посебни поволности, лица кои над 10 години немале вработувања и слично.

Субвенциите од државната каса за отворање нови работни места се добредојдени. Бенефитот е голем. Компаниите имаат чувство, да ги препознаат добрите, квалитетните работници кои понатаму можат да бидат дел од компанијата, вели претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.

Мерките од овој мега проект се разновидни и вклучуваат широк дијапазон на можности и групи на лица
Мерките од овој мега проект се разновидни и вклучуваат широк дијапазон на можности и групи на лица

Станува збор за крупен проект од кој корист имаат невработените, компаниите и државата. Слободанка Алексовска, од Центарот за вработување на Скопје, вели дека мерките се користат во зависност од тоа што бараат работодавачите.

Најатрактивните мерки зависат од дејноста или од моменталната потреба на компаниите. Има мерки со кој се купува одредена опрема, тоа е финансиска поддршка во вид на грантови, има мерки со кои се подржуваат различни видови на субвенционирани вработувања, тоа се парични износ по бруто месечна плата, има мерки за практикантство и обука кај работодавачи, мерки кои вклучуваат евтини кредитни линии, мерки за самовработување. Резултатите се големи, сите мерки се користат во зависност од тоа што бараат работодавачите, објаснува Алексовска.

Малите фирми најчесто ги користат мерките

Според структурата…