
Фокус на разговорите беа реформските приоритети, регионалните прашања и справувањето со мигрантската криза.
На средбата беше истакнато дека комплетирањето на успешно реализираните реформи и спроведувањето на изборите во Април 2016 година се најзначајните адути за засилена поддршка од ЕК и конечно Советот на ЕУ во правец на водење на пристапни преговори, следната пролет.
Соговорниците се согласија дека напредокот во реформите е во прв ред од интерес на македонските граѓани, но воедно и би го олеснил процесот кон водење на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија. Во овој контекст, беше разговарано и за грчко-македонските односи, во светло на мерките за градење доверба, балканската мигрантска рута и наметнатиот спор околу името, соопштуваат од МНР.