Андов за „Слободен печат“: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат

Андов: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат
Андов: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат
Во интервју за весникот „Слободен печат“ долгогодишниот политичар на македонската политичка сцена Стојан Андов, го посочува Зоран Заев и моменталното раководство на СДСМ како политичка копија на СДСМ на Црвенковски од 90 те години на минатиот век.

andov-630x534

Андов истакна дека ,,СДСМ исто така е многу затворен за сугестии и луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат. Грешка на сегашното раководство на СДСМ е и тоа што не се дистанцираа од системот на владеење на нивната партија од 90-тите, а во сеќавањето на народот не е избришан тој период кога немаше владеење на правото.”

Инаку ова не е прв пат некој да констатира дека Заев е копија на Црвенковски и подржувач на неговите методи на владење, но овој пат доаѓа од близок коалиционен партнер.

andov1-630x332

Во македонската историја 90 тите  години од минатиот век ќе остане запаметено по грубото раскрчмување на општествениот капитал, кој го присвоија дотогашните директори  на  државните фабрики, блиски до Бранко Црвенковски. Станувајќи капиталисти преку ноќ, од работа отпуштија над 200 000 работници, како би можеле да го максимизираат својот профит оставајќи го народот без леб, а за нив купија вили и јахти по монденските летувалишта, пишува порталот Денешен.

На крајот од интервјуто, Андов кокетира со федерализацијата, одговарајќи дека односите со Албанците треба да се решаваат со поголема децентрализација.