„Курир“: Спасовски ги троши ресурсите на МВР за класична политичка хајка

што ги набави Владата за потребите на Кординативниот центар за гранично управување. Стои одлука за тоа донесена на седница на Влада. За сето тоа има документација. Врз основа на таа одлука по претходно распишана тендерска документација, Владата обезбеди три возила за Кординативниот центар, кој е тело на Владата. Ниту сум злоупотребил возило на МВР, ниту сум имал обезбедување, вели Џуклески.

vozacka

Дека Спасовски изрече тешки лаги и клевети покажува и сообраќајната од возилото на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев. Таа потврдува дека Димитриев не користел полициско возило, наспроти тврдењата на Спасовски. Со откривањето на детали на вчерашната прес-конференција, безбедносните експерти сметаат дека Спасовски ја доведува во прашање безбедноста на посочените и воедно се поставува прашањето дали доколку нив им се случи било што, тогаш Спасовски ќе превземе одговорност за своите дилетантски постапки?