
Француската компанија „Ер Франс“ соопшти денеска дека анонимната дојава за бомба поради која нејзиниот авион на летот од Сан Француско кон Париз принудно слета на аеродромот „Пјер-Елиот-Трудо“ во Монтреал, била лажна тревога.
Откако е објавена детална истрага, локалните власти потврдија дека станува збор за лажна тревога.
Авионот „Ер Франс“ АФ83 принудно слета на аеродромот „Пјер-Елиот-Трудо“ во Монтреал поради дојава за бомба.