
Вкупно 104.500 денари се одземени од поштата во село Жван, Демирхисарско, соопшти полицијата.
Кражбата се случила меѓу 5 и 7-ми декември годинава откако непознато лице со употреба на физичка сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата, а потоа, исто така со подесен алат насилно го отворил металниот сеф од каде ги одзел парите по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот