
Грчките власти соопштија дека денесказагинале најмалку 11 лица, а 13 се водат како исчезнати откако чамец со околу 50 бегалци потонал во Егејското море.
Меѓу загинатите има пет деца, четири мажи и две жени, а нивната националност засега не е позната.
Крајбрежната стража на Грција навела дека од чамецот се спасени 26 луѓе, како и дека до несреќата дошло рано утринава кога дрвениот чамец со бегалци, кој пошол од Турција, а потонал во близина на островот Фармакониси.
Грција е прва членка на Европската унија во која бегалците и економските мигранти влелгуваат на својот пат кон западна Европа.