Африка обедини преку 120 уметници и дизајнери. Демонстрацијата во музејот во Билбао, северна Шпанија, има задача да ја покаже новата генерација на млади од Африка кои преку уметноста прикажуваат нова перспекива на нивниот континент.
Работата на Омар Виктор Диоп се фокусира на особините на луѓето кои го предизвикуваат растот на културолошката сцена во неговата земјаФотографот Марио Макилау има намера да ја слика младоста на неговиот главен град, Мапуто.Работата на Икире Џонс го опишува замислениот Лагос повеќе од 60 години во иднина. Убаво облечениот човек напред на сликата ја претставува облеката која би ја носеле луѓето тогашУметникот од Кенија, Цирус Кабриу, креира икони од непотребните објекти. Тој има направено скулптури кои ќе не предизвикаат да размислиме за начинот на кој ги гледаме работитеБодис Исек Кингелес прави дизајни на футуристички згради кои го предизвикуваат изгледот на западниот град. Овој модел, „Congolese Red Star“, исто така ги претставува неговите вредности за што артистот вели дека сака да креира нов свет со градови „полни со мир, правда и слобода“На фотографијата од ЏД Окаи Ојеикере се гледаат прекрасните начини на кои жената ја носи косатаПјер-Кристоф Гам ја дизајнираше веб-страницата за пејачката Тали Ем. Тој изјави дека сака да ја употреби страната за да го пренесе гледачот до старото Афричко кралство користејќи ја француската пејачка како водич, која има корени од Конго, Чад и ЕгипедКраткиот филм на Вангечи Муту „The End of Eating Everything“ е критика за нашето консумирачко општество. Филмот ја покажува пејачката Сантиголд во улогата на Медуза, која јаде јато птици и истовремено се породува со многу женски главиФотографиите на Малик Сидибе сликани во Мали во текот на 1963-та година ги изразуваат духот и слободата на тоа време, кои некои денешни артисти се обидуваат да ги врататАрхитектот Дејвид Аџаје дизајнираше нов павилјон за станицата за транспорт во Јоханесбург. Павилјонот е комбинација од модерен со примеси на историскиот изглед на станицата