Три преводи на бугарски од македонски јазик

Три преводи на бугарски од македонски јазик

На 43-от Меѓународен саем на книгата во Софија, на штандот на Република Македонија денеска беа претставени преводи на уште три македонски дела на бугарски јазик, кои со поддршка на Министерството за култура на РМ се објавени од три издавачи од Бугарија.

„Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски е објавен од издавачот ,„Персеј“, книгата за деца „Збркана сказна“  од Киро Донев, во издание на „Мултипринт“  (двата во превод на Тања Попова) и избор од поезијата на Анте Поповски во препев на Роман Кисјов, објавен од издавачката куќа „Ерго“.

Преведувачот Кисјов, кој преведува само поезија и кој до сега има препеано десетина македонски поети, рече дека изборот од поезијата на Поповски го направил субјективно и по свој вкус внел извадоци од поемата „Света песна“.

Три преводи на бугарски од македонски јазик
Три преводи на бугарски од македонски јазик

Тоа е неверојатна поезија, на голем поет, меѓу класиците во македонската поезија, преведен на многу јазици, кој беше единствен член од Македонија во Академијата на поезијата на УНЕСКО, рече Кисјов, претставувајќи ја книгата поезија на Поповски на бугарски пред гостите на промоцијата.

„Збркана сказна“ на Киро Донев во превод на бугарски ја објави „Мултипринт“, издавачка куќа која има досега најмногу преведени маедонски автори. Асен Асенов рече дека соработката била почната пред повеќе години со скопскиот издавач „Макавеј“.

„Збркана сказна“ на Донев, кој е водечки писател за деца во Македонија, ќе биде објавена и на украински, а на бугарски јазик ќе биде преведена уште една негова книга.

Авторот на скоро…