
Таксистите од Гевгелија ја блокираа пругата, бараат вклучување во транспортот на мигранти.
Утрово во 10.00 часот Здружението на лиценцирани такси превозници „Авто-таксисти“ од Гевгелија започна протест.
Како што информира МВР, таксистите со своите такси возила и жив штит вршат блокада на железничката пруга, на делот пред железничкиот мост на Сува Река, со блокада на возовите кои се упатуваат до Прифатниот центар за мигранти и блокирање на влезовите за патничкиот сообраќај на Гевгелија.
Ваквите блокади би траеле секојдневно, се до исполнување на нивните барања, односно вклучување во транспортот на мигранти од Гевгелија за Куманово.