
Кутренцето Кејси стана вистински хит на Интернет откако од преголема среќа бидејќи ја гледа својата газдарица загуби свест.
Ребека се вратила дома откако две години поминала во Словенија. Таа клекнала и го повикала кај себе кучето, а тоа полета во нејзината прегратка и започна избезумено да скока по неа.
Кутрото куче во еден момент од преголема возбуда и среќа се онесвести. Ребека на загрижените корисници ја ЈуТјуб им порача дека кучето е добро и дека го однеле на ветеринар кој потврдил дека неговото паѓање во несвест било предизвикано од емоции.