Започна новиот инвестициски бран, ефектите повеќекратни

Експертите велат дека влезот на странските инвестиции ќе придонесе и за континуиран раст на платите, раст на бруто- домашниот производ пер капита, што е индикатор за стандардот на една земја.

Дополнително, како резултат на новите инвестиции, расте извозот од технолошко индустриските развојни зони. Последните податоци покажуваат дека за првите 11 месеци од годината извозот бележи раст од 26% во однос на истиот период лани, со што вредноста на извозот изнесува милијарда и 340 милиони евра. Тоа значи дека ќе се реализираат очекувањата и прогнозите на надлежните за вкупниот раст на извозот од з зоните за 2015 година. Според директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, очекувањата се извозот за 2015 година да изнесува околу 1,5 милијарди евра.

Заживува локалната економија

Скопје повеќе не е единствената локација која ја пикираат странските инвеститори. Интересно е тоа што сѐ повеќе инвеститорите се интересираат за локации во внатрешноста на земјава. Тоа според надлежните, ќе придонесе за дополнително раздвижување на локалната економија.

Мизо: Се поголем број на компании се позиционираат во внатрешноста
Мизо: Се поголем број на компании се позиционираат во внатрешноста

Најважното е тоа што се дисперзирани низ територијата на целата држава. Она што го имавме до пред 5-6 години кога компаниите најчесто го избираа Скопје за своите производствени дејности, сега гледаме дека се поголем број на компании се позиционираат во внатрешноста, што значи дека политиката за креирање на рамномерен економски развој функционира за сите луѓе од различни делови државата, врз основа на нивните квалификации, но истовремено да имаме развој во сите региони од државата, за локалната економија да може да заживее, вели првиот човек на ТИРЗ, Виктор Мизо.