
Четиринаесет годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера се случила на регионалниот пат Велес-Градско.
Како што информираат од полицијата, до несреќата дошло кога возачот на автомобилот „форд фергусон“, Р.Р.(48) од делчевско Габрово, изгубил контрола и возилото излетало од патот.
Повреденото девојче со возило на Итна медицинска помош е пренесено во велешката болница каде и е укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес.