
Двајца радовишани заработија кривична за криумчарење мигранти. Како што информира МВР, станува збор за браќата А.А.(35) и М.А.(24).
На први декември годинава, на локалниот пат од село Марвинци кон село Удово, полициски службеници пронашле 13 мигранти од Ирак во возило „мерцедес“, сопственост на А.А.

Припадниците на полицијата претходно се обиделе да го сопрат возилото, но возачот го оставил и се дал во бегство.
По преземените мерки бил пронајден возачот и возилото.
МВР информира дека како претходница на неговото возило се движело возило „опел вектра“ управувано од неговиот брат М.А. Тие за паричен надомест требало да ги превезат мигрантите до македонско-српската граница.