
Во организација на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се одржат четири трибини како дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.
Првата трибина ќе се одржи во 17:30 часот во Домот на култура во Дебар, втората трибина ќе се одржи во 20:30 часот во Дом на култура во Ростуше.
На овие две трибини ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Владо Мисајловски.
Третата трибина ќе се одржи во 17:30 часот во Пласница, а четвртата трибина ќе се одржи во 20:30 часот во Дом на Културата во Долнени.
На овие две трибини ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Никола Тодоров, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.