
При воздушен напад на меѓународната коалиција предводена од САД на територијата на Ирак загина „министерот за финансии“ на терористичката група Исламска држава и уште двајца нејзини лидери, изјави портпаролот на Пентагон, полковник Стив Ворен.
Тој посочи дека во нападите извршени во последните неколку недели убиен е Абу Салах, одговорен за финансиските операции на Исламска држава. Во нападите загинало и лицето одговорно за рекетирање и собирање на даноци од локалното населени.
Третиот убиен во нападите бил одговорен за координација на трансферот на информации, луѓе и оружје.