Публицистите м-р Игор Анѓелков и проф. д-р Мишо Нетков, се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за остварувања во областа на публицистиката и новинарството, информираа од Министерството за култура.
Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин” е Јордан Плевнеш.