
Тој бил убиен додека излегувал од трговски центар, а мотивите за убиството не се познати.
Во Пералта било пукано од маскирано лице кое било на мотор и кое по убиството избегало во непознат правец. Засега, нема обвинети, а од полицијата најавуваат расветлување на случајот во најбрз можен рок.
Пералта беше фудбалер на Олимпија, а претходно настапуваше за Глазгов Ренџерс. Тој беше дел од репрезентацијата на Светското првенство кое во 2014 година се одигра во Бразил, а исто така требаше да настапи и наредната недела против Перу.
За Хондурас дебитираше пред четири години кога имаше 21 година и вкупно одигра 24 меча.