
Францускиот премиер Мануел Валс предупреди денеска дека доколку Националниот фронт овој викенд освои власт на регионалните избори, државата може да „биде вовлечена во граѓанска војна“.
– Стигнавме до историски момент каде постојат два избора за нашата држава. Еден е екстремната десница која во основа се залага за поделба, која може да предизвика граѓанска војна, истакна Валс.
Другата опција, според него, е да се гласа за она што Французите го нарекуваат – вредност на републиката. Ултрадесничарската партија НФ освои најмногу гласови во првиот круг.